Македонија Претпладне сонце, попладне дожд

Претпладне сонце, попладне дожд

Денеска претпладне во Македонија времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Температурата ќе се движи од 19 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Температурата ќе достигне 29 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во другите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет.