Македонија Претпладне сончево време, попладне со услови за пороен дожд

Претпладне сончево време, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната највисока во интервал од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време температурата од 19 до 34 Целзиусови степени.