Македонија Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, a попладне променливо и на повеќе места нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, особено во североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, а дневната до 26 степени.