Македонија Претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Денеска во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со врнежи од дожд и со грмотевици.

Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.