Македонија Претпладне облачно, попладне дожд

Претпладне облачно, попладне дожд

Есен

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на магла по оделени котлини. Во западните делови, попладне ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне 7 Целзиусови степени.