Македонија Претежно сончево, со температура до 17 степени

Претежно сончево, со температура до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 11 Целзиусови степени.