Свет Престрелка во Мексико – има загинати и повредени

Престрелка во Мексико – има загинати и повредени

Најмалку 26 лица се убиени или хоспитализирани по пукањето на северната граница во Мексико, во државата Чивава, соопшти мексиканскиот државен обвинител.

Пукањето се случило во близина на Лас Вараса, во срцето на еден од регионите во Мексико, каде цвета трговијата со дрога.

Во пукањето учествувале две вооружени групи, но не е јасно дали толку лица се повредени или усмртени.

Инцидентот се случува во време кога во Мексико се наоѓа американскиот министер за внатрешни работи, Џон Кели, кој со претседателот на земјата, Енрике Пења Нијето, треба да разговара за соработка во борбата против организираниот криминал.