Свет Преминот Рафах повторно отворен за евакуација на болни од Газа и за...

Преминот Рафах повторно отворен за евакуација на болни од Газа и за достава на помош и храна

Евакуацијата од Газа во Египет и доставата на помош, беа прекинати во петокот, поради проблеми со транспортот на евакуираните лица од северна Газа

Фото: Mohammad Abu Elsebah/dpa

Граничниот премин Рафах од појасот Газа кон Египет денеска повторно ќе биде отворен за странски државјани. Како што објави Граничната управа на Газа преку копнениот премин, кој е единствениот влез во појасот што не е контролиран од Израел, ќе се користи и за Палестинците на кои им е потребна итна медицинска помош, како и за камионите со медицинска помош и храна.

Евакуацијата од Газа во Египет и доставата на помош, беа прекинати во петокот, поради проблеми со транспортот на евакуираните лица од северна Газа, а претходно и во средата заради бомбардирањето на рутата што води до границата.

Црвениот крст соопшти дека неговиот конвој што ги придружувал медицинските евакуирани лица во вторникот бил цел на напад, поради што бил прекинат транспортот. Евакуацијата од Газа преку Рафах започна на 1 Ноември за околу 7.000 лица што имаат странски или двојни државјанства, како и за ограничен број луѓе на кои им е потребен итен медицински третман.

Американскиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд им рече на новинарите дека се надева оти евакуацијата низ Рафах ќе стане полесна со четиричасовните хуманитарни паузи за кои САД во четвртокот рекоа дека Израел се согласил.