Економија Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти

Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти

Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти во вторите,  во однос на првите шест месеци од работењето, покажува дополнетата Алатка за отчетност на веб-страницата на Владата.

„Транспарентноста на Владата дава резултати на штедење и домаќинско работење. Заштеди има во сите типови трошоци, а посебно во угостителските услуги каде има скоро двојно помалку трошоци односно 6.352.591 денари, во споредба со 11. 000. 030 денари за периодот јуни – ноември 2017“, информираат од Владата.

Од денеска на јавноста и се достапни личните службени трошоци на носителите на јавни функции за периодите декември 2017 – мај 2018 и декември 2014 – мај 2015 година, со можност за споредби меѓу различните функционери, институции и периоди.

Алатката за отчетност на Владата беше промовирана во март годинава, кога министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ги презентираше и спореди трошењата на министрите на оваа и претходната влада за периодот јуни-ноември 2014 и јуни-ноември 2017.

„Целта на алатката да е врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните“, се додава во соопштението.