Македонија Премиерот Груевски треба да сведочи пред Анкетната комисија

Премиерот Груевски треба да сведочи пред Анкетната комисија

Премиерот Никола Груевски денеска, во 11 часот, треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Се очекува седницата на која ќе сведочи премиерот да биде затворена за јавноста поради класифицирани информации.

На досега закажаните сослушувања не се појавија министерот за финансии, Зоран Ставрески, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и Мартин Протоѓер.

Само Груевски и Ставрески побараа презакажување на претходно утврдените термини од претседателот на комисијата, Петре Шилегов.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, би требало утре да дојде во Собранието.