Македонија Преку онлајн настани грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата на локалните...

Преку онлајн настани грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата на локалните грантови

Во периодот меѓу 28 септември и 1 октомври ќе се одржи серија јавни онлајн настани за претставување на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019 г. до јуни 2020 г.

Преку кратки презентации, грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведување на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции.

Настаните ќе бидат отворени за јавноста и ќе бидат емитувани во живо и на Фејсбук преку официјалната страница на Критинк. Настаните и дискусиите ќе бидат снимани и по завршувањето снимките ќе бидат јавно достапни онлајн преку е-библиотеката на веб-сајтот на Критинк.

Целосниот распоред за настаните може да се погледне на овој линк.