Македонија Отежнат сообраќајот на патот Маврово – Дебар

Отежнат сообраќајот на патот Маврово – Дебар

На патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу селата Јанче и Ростуше, кај Алиеви чешми, поради поројни дождови има наноси на патот.

Моментално сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување и на нормализирање на сообраќајот.

Учесниците во сообраќајот се замолуваат за крајно внимателно управување со возилата и за прилагодување на брзината на условите на патот.