Спорт Спорт Македонија Прекин на дербито меѓу Работнички и МЗТ

Прекин на дербито меѓу Работнички и МЗТ

Судиите по два пати ги предупредиле двете навивачки групи

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје е во прекин на 3:06 минути до крајот на третата четвртина, откако судиската тројка по третата опомена побара да се испразнат дел од трибините во салата „Градски парк“.

И покрај претходните предупредувања (ги имаше по две и за двете навивачки групи), клупските обожаватели продолжија со фрлањето тврди предмети.

Трпението на судиската тројка конечно заврши, не помогнаа ниту убедувањата од кошаркарите на Работнички, па судиите предводени од најискусниот, Мицевски, се повлекоа во својата соблекувална, следени од гостинските кошаркари, кои, исто така, не се на теренот во „Градски парк“.