Свет Преговорите со Иран продолжуваат во декември

Преговорите со Иран продолжуваат во декември

Во последен момент САД и Иран постигнаа договор за продолжување на преговорите, но не се откриваат повеќе детали

Иран и шесте светски сили денеска во Виена договорија да го продолжат преговарачкиот процес за уште неколку месеци, соопштија дипломатски извори за руската агенција ИТАР-ТАСС.

– Да, одлуката е донесена. Преговорите ќе бидат продолжени, а временската рамка ќе биде одредена на министерскиот состанок -соопшти изворот.
САД и Иран во последен момент постигнале напредок во преговорите, но тие треба да продолжат и во декември, соопштија неименувани западни извори.

Деталите за продолжувањето на преговорите сè уште се разработуваат, но, според дипломатски извори, Иран засега не може да очекува какво било ублажување на санкциите.

Целта на преговорите е да се постигне спогодба, по која санкциите кон Иран постепено ќе бидат укинати и заменети со ограничувања на иранската нуклеарна програма.