Главна секција Преговорите продолжуваат на 29 јуни

Преговорите продолжуваат на 29 јуни

На средбата по повод презентацијата на извештајот на ЕУ, лидерите на четирите партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, заедно со Аиво Орав и со Џес Бејли, се договориле преговорите за решавање на кризата да продолжат на 29 јуни.

Во заедничкото соопштение што им беше поделено на новинарите се вели:

„Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата согласност, нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Ние, исто така, го поддржуваме транспарентото менаџирање од ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“.