Македонија СДСМ демантира: Заев не рекол дека преговара

СДСМ демантира: Заев не рекол дека преговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Канал 77“ потврдил дека преговори меѓу власта и опозицијата има. Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и Белгиецот Петер Ванхуд, кој беше вклучен и во анкетната комисија за 24 декември.

Како што објави „Канал 77“, следните часови се клучни во преговорите, кои, според најавите на лидерот на СДСМ, би требало да завршат најдоцна утре.

Од СДСМ, пак, попладнево демантираа дека претседателот Зоран Заев дал изјава за „Канал 77“.

„Претседателот Заев нема дадено изјава ниту за „Канал 77“, ниту за некој друг медиум. Пренесените информации на „Канал 77“ се шпекулација на медиумот“, стои во соопштението.