Хроника Прегазил и усмртил дете, па побегнал

Прегазил и усмртил дете, па побегнал

Вчера, по 20 часот, во населбата Превалец – Велес, непознато лице, управувајќи непозната марка возило, удрило во пешак, четиригодишно женско дете од село Горно Јаболчиште, кое со својата мајка, Л.З.(37), чекало такси-превоз.

Детето е пренесено во болница во Велес, каде е констатирана смрт. По преземени мерки во врска со настанот, приведен е Е.М. (28) од село Горно Оризари, а во утринските часови пронајдено е и возилото „голф 2“ со велешки регистерски ознаки, што возачот го оставил на патот кон село Фојница, општина Чашка.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција.