Македонија Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемување на платите на вицепремиерите

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемување на платите на вицепремиерите

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемувањето на платите на вицепремиерите, кога точката ќе дојде на дневен ред, порача Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Собранието.

Прашан зошто се спротивставиле на предлогот точката целосно да се исфрли, тој рече оти тоа го направиле за да имаат можност да гласаат против Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

– Секако го одбивме барањето за повлекување од дневен ред на точката поврзана за платите на вицепремиерите од причина што ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата дека поддржување на дополнителни бенефиции за вицепремиери нема да има. Значи ќе гласаме против оваа точка, тоа ќе го докажеме и со самото гласање кога точката ќе дојде на дневен ред – рече Костадинов.

Тој смета дека бенефиции би требало има само за граѓаните.

– Дополнителни бенефиции за функционерите не се потребни, бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, тоа е јасна определба на СДСМ и коалицијата рече портпаролот на СДСМ.