fbpx
Таг: бенефиции

таг: бенефиции

Порталб: Студентите се соочуваат со трошоци, а дел од нив немаат соодветен превоз до факултет

Превозот, храната и сè друго студентите од Северна Македонија го плаќаат исто како и другите граѓани, односно за нив нема никакви попусти или бенефиции, како во земјите од ЕУ, каде стремиме да се приклучиме. Студентот Фисник Џелили ни ги кажа предизвиците и дневните трошоци за да стигне до факултет, додека Министерството за образование и наука не даде одговор дали...

За една година издадени 4.220 младински картички

Во јуни минатата година беше промовиран проектот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) наречен „Младинска картичка“ со која младите од 15 до 29 години имаат попусти и поволности во различни категории. Апликациите за картичката започнаа уште во јули, наредниот месец. За да се добие истата се аплицира онлајн, а потоа може да се подигне во Агенцијата за млади...

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемување на платите на вицепремиерите

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемувањето на платите на вицепремиерите, кога точката ќе дојде на дневен ред, порача Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Собранието. Прашан зошто се спротивставиле на предлогот точката целосно да се исфрли, тој рече оти тоа го направиле за да имаат можност да гласаат против Предлог-законот за...

МТСП: Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник. „Министерството за труд и социјална политика преку Владата изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување...

Грчките земјоделци ќе протестираат се додека не се сретнат со Ципрас

Граничниот премин Евзони останува затворен и денеска. Земјоделците од Северна Грција кои веќе две недели ја блокираат грчко-македонската граница остануваат на своите места без никаква најава за повлекување на блокадата, додека не се сретнат со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчкиот весник „Прото тема“ јавува дека дел од земјоделците од Северна Грција планираат тричасовна блокада на клучката кај Херсо, која води...

Наумов: Kомпаниите сè уште функционираат без услови за работа во зоната во Визбегово

Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони. - Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот што го имаат малите...

„Оне-Вип“: Нема зголемување на цените на тарифите за мобилни разговори

Со оглед на фактот што не ни е позната методологијата според која е пресметано наводното зголемување на цените, во овој момент можеме само најодговорно да изјавиме дека нема зголемување на малопродажните цени на тарифите во брендот „Вип“ - се вели во реакцијата на компанијата „Оне-Вип“ откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информираше дека просечната цена за една минута разговор на мобилен...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...