Главна секција Пратениците гласаа: Чавков и Мисајловски нови министри во Владата на Груевски

Пратениците гласаа: Чавков и Мисајловски нови министри во Владата на Груевски

Собранието денеска со мнозинство гласови ги изгласа новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако досегашните, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, вчера си поднесоа неотповикливи оставки.

За изборот на Митко Чавков за нов министер за внатрешни работи, од 81 присутен пратеник, „за“ гласаа 71, „против“ гласаше еден, а воздражни беа двајца пратеници во законодавниот дом.

Владо Мисајловски за наследник на Јанакиески е избран, исто така, со 71 глас „за“, четири гласа „против“, а воздржано не гласаше ниту еден од присутните 81 пратеник.

По гласањето, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го констатираше именувањето на новите министри во Владата, по што Чавков и Мисајловски ги потпишаа свечените изјави.