Македонија Пратеници и административци во Вилтон парк на конференција за ефикасен парламент

Пратеници и административци во Вилтон парк на конференција за ефикасен парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија,Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од утре до 16-ти февруари, ќе учествуваат на конференцијата „Градење на ефикасен и независен парламент на Република Македонија“ во Вилтон Парк, Велика Британија.

Од кабинетот на Џафери информираат дека конференцијата во организација на Британската Амбасада и „Вестминстер“ фондацијата за демократија.