Македонија Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да се распушти денеска

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да се распушти денеска

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека пратеничката група на оваа партија бара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да го распушти Парламентот.

„Сакаме да го потсетиме претседателот Џафери на неговата изјава дека Собранието треба да се распушти на 12 февруари, при што рече дека самиот ќе поднесе одлука за распуштање. Џафери да биде дециден и да си стои на зборот и да закаже седница за распуштање на Парламентот, во спротивно, јавноста ќе треба да има предвид дека ова парламентарно мнозинство бега од избори,“ рече Мицевски.

Тој потсети дека опозицијата поднесе предлог-одлука за распуштање на Собранието на 5 февруари. Одлуката, како што рече Мицевски, била донесена со цел да се испочитува договорот за датумот за избори, бидејќи според нив „СДСМ бега од избори“.