Економија Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Студеното време пролетва предизвика штети кај праските и кај кајсиите во Тиквешкиот Регион. На терен, штети се утврдени и кај младите ластари од лозовите насади.

Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во некои села во овој регион причинети се големи штети, а за земјоделците ќе следи обесштетување.

– Анализите на терен ќе ги дадат точните податоци за тоа колкави се навистина штетите. Но, ние ја разбиравме грижата на земјоделците бидејќи голем дел од нив живеат од дејноста. Затоа и го објавивме повикот – напомена градоначалникот Панов.