Хроника Познат идентитетот на убиениот во Диво Насеље

Познат идентитетот на убиениот во Диво Насеље

Познат е идентитетот на убиениот 71-годишен маж во инцидентот што  претпладнево, околу 11.20 часот, се случи на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље, пишува „Прес24“ .
Според порталот, убиен е 71-годишниот Риза Р., а во пукањето тешко повреден е неговиот 30-годишен син Аднан.

За убиството осомничен е косовскиот државјанин Бекир Н.

Според информациите, Бекир Н. со огнено оружје стрелал во Риза и во неговиот син Аднан. Риза починал на самото место, а Аднан со прострелни рани на нозете е префрлен во болница. Сè уште нема информации за неговата состојба.

По настанот, Косовецот Бекир влегол во автомобил „бе-ем-ве“ со швајцарски регистарски ознаки и побегнал од местото.

Од МВР не откриваат детали. Велат дека увидот е во тек и најавуваат повеќе детали во текот на денот.