Свет Свет Пожарот што го зафати хотелот „Адрес даунтаун“ во Дубаи сè уште е...

Пожарот што го зафати хотелот „Адрес даунтаун“ во Дубаи сè уште е активен

Големиот пожар што синоќа го зафати луксузниот хотел „Адрес даунтаун“ во центарот на Дубаи, сè уште е активен. Пожарникарите се обидуваат да го совладаат пламенот на 302 метри високиот хотел со пет ѕвездички.

Сè уште не се познати причините за пожарот, што се појавил во 21 часот по локално време и зафатил најмалку 20 ката во зградата, во близина на највисокиот облакодер во светот, Бурџ калифа.

Телевизијата „Ал Арабија“ објави дека едно лице починало во стампедо за време на евакуацијата, но официјалните лица сè уште не ја потврдиле информацијата.

Во соопштението на владата се наведува дека 15 лица биле полесно повредени. Надлежните, исто така, соопштија дека биле евакуирани сите гости, а им било понудено и алтернативно сместување.

Комплексот „Адрес даунтаун“ се состои од околу 200 соби и има повеќе од 600 станови.