Хроника Пожар во стан на улица Шумадинска

Пожар во стан на улица Шумадинска

Пожар зафати стан од станбена зграда на улица Шумадинска во скопската општина Центар.

На местото на пожарот има две противпожарни возила и две полициски возила.

Од полицијата кратко соопштија дека пожарот е локализиран на првиот кат од зградата и дека се работи на неговото целосно згаснување.

Жителите од зградата, кои беа евакуирани, кратко искоментираа дека во станот живеела постара жена.

Сè уште нема информации за повредени и за материјална штета.