Видео Пожар во облакодерот „Торч“ во Дубаи

Пожар во облакодерот „Торч“ во Дубаи

Стотина луѓе биле евакуирани откако утрово, околу два часот по полноќ по локално време, избувнал пожар во една од највисоките станбени згради во светот, „Торч“ (Факел) во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, во пожарот нема загинати ниту повредени лица. Огнот бил ставен под контрола, а на станарите од околните облакодери околу три часа по избувнувањето на пожарот им било дозволено да се вратат во своите домови.

Пожарот, како што пренесуваат медиумите, избувнал на 50. кат од зградата која има вкупно 79 ката. Очевидци изјавиле дека од делови од зградата кои биле зафатени од пламенот паѓале паарчиња метал и стакло.

Засега не се познати причините за пожарот, во чие гаснење учествувале десетина противпожарни возила.

Облакодерот „Торч“ е изграден во Дубаи во 2011 година и со своите 336,1 метри височина, тогаш беше прогласен за највисока зграда во светот.