Видео Пожар во облакодер во Дубаи

Пожар во облакодер во Дубаи

Во станбена 75-катница во Дубаи денеска изби пожар, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на очевидци и на објави на социјалните мрежи.

Ова е петти пожар во облакодер во Обединетите Арапски Емирати во последните неколку дена.
Пожарот ја зафатил кулата „Салуфа“, а на снимките се гледа како оган излегува од прозорците на зградата.

Според очевидци, со пожарот се зафатени околу 15 ката, а целосно уништени се од десеттиот до петнаесеттиот кат.

Пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола.