Дописници Пожар во гостиварската болница, причинета материјална штета

Пожар во гостиварската болница, причинета материјална штета

Во лабораторијата на гостиварската болница вчера избувнал пожар, најверојатно од вклучена греалка. Како што дознаваме, најпрвин се запалило столче, кое било во непосредна близина на греалката, по што огнот се проширил во просторијата.

Во пожарот, во кој нема повредени лица, оштетени се клима-уред, мал бојлер и дел од електричната инсталација во просторијата. Со ангажирање на вработените во болницата, пожарот бил локализиран и изгаснат.

Надлежните извршиле увид на местото и во тек е утврдување на причината за пожарот, околностите во кои се случил и вкупната материјална штета.