Свет Пожар во фабрика за пиротехника во Индија: 23 загинати и 43 повредени

Пожар во фабрика за пиротехника во Индија: 23 загинати и 43 повредени

Најмалку 23 лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија на пожар во фабрика за пиротехника во Индонезија, соопшти полицијата.

Пожарот избил околу 9 часот по локално време, во индустриски комплекс во предградие на Џакарта, главниот град на Индонезија.

Засега не е знае точниот број на жртвите.

– Во фабриката работат вкупно 103 лица – изјави директорот на одделот за општ криминал во полицијата на Џакарта.
Тој рече дека 43 лица се повредени и се хоспитализирани во три болници, а пронајдени се остатоци на 23 жртви.