Свет Балкан Пожар во близина на Рилскиот манастир во Бугарија

Пожар во близина на Рилскиот манастир во Бугарија

Во близина на Рилскиот манастир, во југозападниот дел на Бугарија, избувнал пожар, во чие гаснење учествуваат повеќе од 130 пожарникари.

Директорот на националната служба за противпожарна заштита, Николај Николов, за бугарското национално радио изјавил дека е сигурен дека човечки фактор е причина за пожарот, бидејќи на теренот биле најдени траги на палење оган, но додал дека утврдувањето на причините е работа на полицијата.

Според информациите, пожарот зафатил околу пет хектари трева и дрвја во алпскиот дел на планината Рила, во областа на националниот парк „Рилски манастир“, недалеку од манастирот од 10 век кој е под заштита на УНЕСКО.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, гаснењето на пожарот е отежнато поради непристапниот терен, поради што во интервенцијата бил ангажиран и хеликоптер на бугарската армија.