Хроника Пожар на автомобил во Битола

Пожар на автомобил во Битола

Автомобил во Битола рано утрово делумно изгорел во пожар кој избил од засега неутврдени причини, соопшти СВР Битола.

Пожарот избил во 5 часот, а автомобилот „даеву ланос“ со битолски таблички бил паркиран на улицата Мирче Ацев. Биле зафатени левата страна од предната хауба и предното и задното тркало од левата страна.
Полицијата извршила увид и се работи на расчистување на случајот.

Инаку, рано утрово во подметнат пожар изгорел и автомобил во Охрид.