Македонија Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години.

Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да се намали загадувањето на воздухот.

Сите граѓани што купиле печки на пелети од 7 ноември минатата година до денот на затворањето на повикот ќе добијат надомест, односно субвенција од 70 отсто од цената, но најмногу 30.000 денари по домаќинство, со вклучен персонален данок на доход.

Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, а ќе трае до 30 ноември годинава или до исцрпување на сите предвидени пари за субвенции.

Сите информации може да се видат тука.