Свет Свет Повредени 21 патник при лет на „Ер Канада“

Повредени 21 патник при лет на „Ер Канада“

„Боинг“ на канадската компанија „Ер Канада“, кој летал од Шангај за Торонто, синоќа присилно слетал во Калгари поради силни турбуленции.

Најмалку 21 лице се повредени, јави „Скај њуз“, кој наведува дека меѓу повредените има и три деца. Никој не е во животна опасност.

Како што велат шокираните патници, во моментот кога почнале турбуленциите, некои од патниците буквално излетале од своите седишта.

– Беше лет од пеколот. Беше страшно, не знаевме дали ќе преживееме – вели една од патничките.
Покрената е истрага за инцидентот, а од „Ер Канада“ засега не даваат објаснување која била причините за турбуленциите.