Свет Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Седуманесет цивили биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец, што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесуваат светските медиуми.

Според информациите, бомбаш-самоубиец со возило влетал во конвој на трупи на НАТО, кој се движел по главниот пат кон аеродромот во Кабул, во близина на амбасадата на САД и допломатскиот кврат во градот.

Официјални претставници на министерството за здравство на Авганистан за „Би-Би-Си“ изјавиле дека меѓу повредените цивили имало и жена и три деца.

По завршувањето на главните борбени операции на НАТО, во декември минатата година, битката со талибанските милитанти ја презедоа авганистанските безбедносни сили.

Во земјата остана помал контингент странски трупи, кои имаат задача да ги обучат и да им обезбедат поддршка на локалните безбедносни сили.