Хроника Повозрасен скопјанец загинал во сообраќајка на патот Кичево – Осломеј

Повозрасен скопјанец загинал во сообраќајка на патот Кичево – Осломеј

Осумдесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Кичево – Осломеј, информираат од полицијата.

Несреќата се случила околу 15.45 часот, на раскрсницата помеѓу селата Црвевци и Гарани, кога дошло до судир меѓу автомобилот, марка „опел кадет“, што го управувал сега починатиот Раим С. и „опел вектра“, зад чиј волан бил Т.Б.(38) од кичевското село Вранештица, а во кое патувале уште две лица.

Како што информираат од полицијата, возачот и патниците во „опел вектрата“ добиле полесни повреди.