Свет Свет Повик за политичко решение во Либија

Повик за политичко решение во Либија

Египет, Алжир и Италија повикаа на политичко решение за судирите во Либија, во пресрет на преговорите на ривалските либиски парламенти, под покровителство на ОН, за да се постигне договор за влада на национално единство.
Претставникот на ОН, Бернандино Леон, веќе со месеци се обидува да ги приближи ставовите на ривалските влади, за да се постигне договор за влада на национално единство.

Либиските претставници ќе се сретнат денеска во Ширати, мароканско летувалиште меѓу Рабат и Казабланка, на преговарачка седница, која ОН ја нарекува „пресудна“.

Леон сака да постигне договор пред почетокот на рамазанскиот пост, 17 јуни.