Македонија Повик за обуки за справување со говорот на омраза во медиумите

Повик за обуки за справување со говорот на омраза во медиумите

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат три обуки за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза. Обуката е наменета за уредници, новинари и за администратори на веб-портали.

Обуките кои ќе бидат еднодневни, ќе се одржат на 7 октомври во Скопје, во хотел „Стоун бриџ“, на 14 октомври во Струга, во хотел „Дрим“, и на 20 октомври во Струмица, во хотел „Сириус“.

Бројот на учесниците е ограничен, а селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и на други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со онлајн-формулар најдоцна до 5 октомври во 12 часот.