Свет Европа Повеќето членки на ЕУ го поддржуваат европското обвинителство

Повеќето членки на ЕУ го поддржуваат европското обвинителство

Европската Унија презема чекор кон воспоставување европско обвинителство, кое ќе ги истражува финансиските малверзации во Унијата.

На состанокот на министрите за правда и за внатрешни работи, 20 до 28 членки на Унијата се согласиле за отворање канцеларија на обвинителството во Луксембург во рамки на засилената програма за соработка.

Обвинителството ќе мора да води истраги за проневери поврзани со ЕУ, субвенциите и прекршоците кои се однесуваат на данокот на додадена вредност.

ЕУ претходно соопшти дека таквите измами го чинат Брисел околу 500 милиони евра годишно.

– Ова е совршен пример на кој се гледа дека европската соработка е неопходна и дека е добро прифатена во јавноста – изјави пратеникот од редот на Зелените, Жан Филип Албрехт.