Uncategorized Повеќе од два милиони го тестираат „виндоус 10“

Повеќе од два милиони го тестираат „виндоус 10“

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека во моментов повеќе од два милиони корисници ја тестираат следната верзија на нивниот оперативен систем „виндоус 10“.

Ова претставува силен пораст на бројот на корисници што се заинтересирани за платформата, а забележан е по минатонеделниот настан на кој беа откриени делови од новиот оперативен систем. За време на настанот, од „Мајкрософт“ истакнаа дека програмата „инсајдер“ брои 1,7 милиони корисници, што значи дека повеќе од 300.000 корисници се додадени шест дена по промоцијата.

Најновиот „Windows 10 build 9926“ содржи бројни функции насочени кон корисниците, како што се „кортон“, модерни апликации за декстоп и слично.

„Мајкрософт“ работи на бројни функционалности што не ги претстави, но само ги навести на минатонеделниот настан.