Свет Повеќе од 92 отсто од ирачките Курди гласаа за независност

Повеќе од 92 отсто од ирачките Курди гласаа за независност

Жителите на северниот дел на Ирак со огромно мнозинство гласале за независност на регионот Курдистан на референдумот што се одржа во понеделникот оваа недела, пренесува „Би-би-си“.

Од изборната комисија соопштиле дека повеќе од 92 отсто од вкупно 3,3 милиони Курди и друго не-курдско население гласале за отцепување на регионот Курдистан од Ирак.

Информацијата доаѓа откако ирачкиот премиер Хаидар ал-Абади денеска побара поништување на референдумот за независност на регионот.

„Референдумот мора да биде поништен, а дијалогот мора да продолжи во рамките на уставот. Нема да разговараме за никакви резултати од референдумот“, порача Абади.

Лидерите на ирачките Курди велат дека победата на референдумот ќе им даде зелено светло за почнување преговори за отцепување од централната власт во Багдад и од соседните земји.

Парламентот на Ирак побара од премиерот на земјата да размести воени трупи во областа Киркук, која е богата со нафта, како и во другите области кои се под контрола на Курдите.