Свет Свет Повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи

Повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци УНХЦР објави дека во последните три дена, повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи во Средоземното Море, јужно од италијанското крајбрежје.

Мигрантите се обидувале да стигнат во Европа, криејќи се во чамци кои не се наменети за пловење по отворено море.

Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами за агенцијата „АП“ изјавила дека 100 лица загинале во една од трите бродски несреќи кои се случиле неделава и станува збор за најголем број на жртви од почетокот на годината.