Македонија Повеќе од 600 затвореници не можеле да го остварат своето право на...

Повеќе од 600 затвореници не можеле да го остварат своето право на глас

Повеќе од 600 затвореници, односно 30 проценти од вкупниот број, не можеле да го остварат своето право на глас бидејќи немале важечки биометриски документи, јавува телевизија „Телма“.

Проблемот настанал при организација на продолжување на рокот на важност на личните карти, при што институциите вината си ја префрлале едни на други.

Увид во ситуацијата направиле и претставници на Државната изборна комисија и на Народниот правобранител, до кои стигнале поплаки дека некои од затворениците имале важечки лични карти, но ги немало на список.