Свет Свет Повеќе од 50 загинати во лизгање на земјиште во Индонезија

Повеќе од 50 загинати во лизгање на земјиште во Индонезија

Педесет и еден загинат е последниот биланс од одроните што настанаа по бурата што ја погоди Индонезија, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по 57 исчезнати лица на островот Јава, соопштија индонезиските власти.

Повеќе од 1.000 спасувачи веќе трет ден копаат по калта и очајнички се обидуваат да пронајдат преживеани.
– Се молиме и се надеваме дека ќе спасиме уште луѓе, но шансите се мали – изјави шефот на спасувачкиот тим Агус Харјоно.

Спасувачките екипи се обидуваат со булдожери да ги расчистат насобраните дрва и кал, кои ги блокираат главните патишта до селото кое е срамнето од одроните. Напорите за спасување на преживеаните се отежнати поради обилните дождови.