Видео Повеќе од 34 лица повредени при експлозија на врв на зграда во...

Повеќе од 34 лица повредени при експлозија на врв на зграда во Флорида

Повеќе од 30 лица се повредени при експлозија, која денеска попладне се случи на врв на станбена зграда во населбата Сани Ајлс Бич, северно од Мајами.

Шефот на локалната полиција изјавил дека спасувачите од плажата веднаш притрчале на помош на пожарникарските екипи, пренесуваат американските медиуми.

Хеликоптерот кој летал над зградата забележал голема дупка која ја направила експлозијата. Според надлежните, станува збор за експлозија на гас што се сличила во помошните простории на зградата.

Неколкумина се пренесени во болница со тешки изгореници, а големи бетонски парчиња погодиле случајни минувачи.

Сообраќајниците кои поминуваат во тој дел од градот се затворени.