Uncategorized Повеќе од 20 куќи во општина Новаци ќе се обесштетуваат од поплавите

Повеќе од 20 куќи во општина Новаци ќе се обесштетуваат од поплавите

Жителите на пелагониската општина Новаци поднеле дури 300 пријави за обесштетување на нивните земјоделски имоти. Од поплавите досега биле уништени 20 објекти, а една куќа е целосно под вода. Ова се бројките што ги сумирале комисиите за процена на штети во општина Новаци по последните поплави во овој регион.
„Барањата се веќе поднесени, комисиите треба да излезат на терен и да ја утврдат фактичката состојба. Иако временските услови се поволни, времето е суво и сончево, сепак и понатаму будно се следи состојбата на река Црна и на каналите, особено на критичните места – вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

За поплавените села во Пелагонија постојано пристигнуваат донации. Досега, според градоначалникот Котевски, се собрани околу 1.200.000 денари. Од ФК „Вардар“ испратени се градежни материјали во вредност од 10.000 евра за семејството Мицевски, чија куќа е целосно уништена од водите на Црна.

А.Б.