Свет Повеќе од 150 загинати во вчерашните напади во Сирија

Повеќе од 150 загинати во вчерашните напади во Сирија

Во вчерашните напади на џихадистите на Исламска држава во Сирија загинаа повеќе од 150 лица, додека САД и Русија преговараат за воведување прекин на огнот.

Во Хомс, третиот по големина сириски град, вчера загинаа 59 лица, додека во два самоубиствени напади на шиитско светилиште во предградие на Дамаск загинаа најмалку 83 лица.

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, веднаш го осуди нападите во двата града, додека Исламска држава на своите веб-страници соопшти дека ја презема одговорноста за сријата напади во Хомс и кај Дамаск.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар, Џон Кери, во Аман изјави дека со Русија е постигнат договор за тоа како да се запрат непријателствата во Сирија.

Кери рече дека е постигнат прелиминарен договор за прекин на непријателствата, што би можел да се случи во следните денови. Тој додаде дека е можно претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, „најбргу што е можно“ да разговараат за примена на договорот.

Повеќе од 260.000 лица загинаа од почетокот на граѓанската војна во Сирија, која почна во март 2011 година.