Македонија Поведена постапка за ученици кои монтирале фотографии од нивни соученички за да...

Поведена постапка за ученици кои монтирале фотографии од нивни соученички за да ги исмеваат

Станува збор за ученици од деветто одделение во основно училиште во Кавадарци кои неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници

Фото: Image by natureaddict from Pixabay

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднел Барање за поведување подготвителна постапка против шест малолетници. Станува збор за ученици од деветто одделение во основно училиште, кои како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници.

Целта на учениците, како што соопшти Јавното обвинителство била да ги навредуваат, исмеваат и да нанесат штета на угледот на нивните соученички.

За шестмината ученици постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.