Македонија Потврден 541 нов случај на ковид-19 од 2.789 тестирања, починале 19 лица

Потврден 541 нов случај на ковид-19 од 2.789 тестирања, починале 19 лица

Доктори и медицински персонал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на ковид-19 во: Скопје – 290, Прилеп – 43, Тетово – 22, Охрид – 21, Гостивар – 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 16, Велес – 15, Штип и Струмица – по 13, Ресен – 12, Неготино – 10, Куманово – 7, Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2, Кичево и Радовиш–по еден позитивен.

Евидентиран е 521 оздравен пациент од: Скопје – 166, Прилеп – 72, Охрид – 54, Кавадарци – 47, Неготино – 40, Куманово – 28, Тетово и Кочани – по 18, Велес, Струга и Крива Паланка – по 15, Гевгелија – 5, Богданци – 4, Крушево – 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55–89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци по 2 починати лица, и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. Осумнаесет од нив се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.