Македонија Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата, јави Алсат-М.

Тој исто така вели и дека нема да се кандидира за лидер на Беса на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари. Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор.

Зекирија Ибрахими беше градоначалнички кандидат на Беса за општина Чаир.